Online Донации
Пристигна најефикасниот систем за брза наплата на сметки
Компанијата PayNet Македонија го донесе на пазарот најсовремениот, иновативен систем за брза и ефикасна наплата на сметки преку платежен терминал. Наплатата се врши првенствено во готовина, на мошне едноставен начин, 24 часа и 365 дена во годината. Наскоро, сите граѓани ќе можат да ги почувствуваат бенефитите од употребата на овој модерен финансиски производ и кај нас. Мрежата на терминали веќе е поставена и системот започна да функционира.
ТЕРМИНАЛ ЗА БРЗА НАПЛАТА – иновативен платежен терминал за ефикасна наплата на режиски сметки, како на пример, сметки за водовод и канализација, радиодифузна такса, за мобилна и фиксна телефонија, кабловска телевизија и интернет од операторот One и од Blizoo, како и за плаќање на јавни давачки – такси, казни и даноци.
ДОСТАПНОСТ – платежните терминали се достапни 24 часа и 365 дена во годината. Ќе бидат поставени на територијата на целата земја, за почеток во централните градски подрачја, а потоа и во руралните области.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ – првенствено со готовина директно на терминалот, но на корисниците на кои им се познати методите на безготовинско плаќање им се нуди алтернатива, односно можност да креираат своја виртуелна сметка „е – паричник“, во системот на PayNet и да вршат плаќање 24 часа, 365 дена од дланка. Тие ќе можат да го надополнуваат својот е-паричник со парични средства преку терминалот, со внесување на готовина или преку платежни картички и слободно да вршат електронски плаќања до посакуваната цел. Наплатата се врши на едноставен начин преку веб страна или мобилна апликација, а просечното време на трансакција како и кај терминалот е помалку од една минута.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ – на мониторот на сметкоматот се врши избор на услугата за која се врши плаќањето, а потоа се внесува корисничкиот број од сметката или бројот на фактура. Во сметкоматот се внесува готовина, брзо се процесира наплатата, по што излегува испечатена потврда за извршеното плаќање. На крајот следува конфирмација за извршено плаќање по смс порака.
БЕЗБЕДНОСТ Сигурносниот систем на сметкоматот е изработен на интерна ИТ- мрежа, со безбедносна камера со која се снимаат сите трансакции и активности, има вградени аларми, а постојат и посебни безбедносни процедури за реконструкција на трансакцијата.
НАЧИН НА ПРЕСМЕТКА НА ПРОВИЗИЈА Најголем дел од услугите се без провизија, односно истата се наплаќа од страна на давателите на услугите (компаниите). Но, постојат и услуги за кои се наплаќа провизија од корисниците, односно тие што го вршат плаќањето. Станува збор за јавни давачки – такси , даноци и слично, за кои генерално се наплатува провизија и на веќе постоечките наплатни места (испостави, банки, пошта). За детални информации околу висината на провизиите на платежните терминали корисниците можат да се информираат на веб страната на PayNet Македонија.
ИСКУСТВА ОД РЕГИНОТ – Теминалите за брзо плаќање на сметки се покажаа како извонредно стабилно и добро прифатено решение од кориснички аспект во целиот свет. Концептот за брза наплата преку терминали најпрвин е воспоставен во Русија во 2000-2001 година. Почетоците се скромни, со околу стотина терминали за брза наплата. Денес, оваа индстрија во Русија вбројува над 1 милион платежни терминали преку кои се процесираат повеќе од 3.500 различни услуги. Освен во Русија, терминалите за брза наплата се популарни и во повеќе од 15 земји, а овој концепт во последниве 5 години е присутен и во Регионот, односно во Бугарија и во Србија. Последните анализи на пазарот во Русија покажуваат дека околу 83% од плаќањата кон мобилните оператори се извршуваат токму преку терминалите за брза наплата. Исто така и 70% од плаќањата за школарини и административните трошоци на Универзитетите, како и 35% од уплатите на рати за кредит и кредитни картички се вршат преку треминал за брза наплата. Темпото на раст на терминалите за брза наплата од 2001 година до денес е зголемено за 90%.
< врати се назад