ноември 22, 2022

Унапредување и едукација за прва помош на вработените во КПД Затвор Прилеп

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп со цел зголемување и освежување на знаењето за првата помош кај населението продолжува со реализација на голем број на активности. Во соработка со КПД Затвор Прилеп беше реализирана едукација за дел од вработените во Затворот од Прилеп за унапредување и освежување на знаењето за прва помош на теми кои беа од интерес и се ризик фактор на целната група. Едукацијата беше реализирана од предавач по прва помош волонтер на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп и за истата вработените во Затворот покажаа голем интерес и на нивно барање ќе се реализираат дополнителни обуки по прва помош. Темата во овој период е доста актуелна, па преку примери и искуства вработените во Затворот научија нешто ново, но и го освежија своето постоечко знаење.

< врати се назад