ноември 20, 2023

„Сите сме нивни деца“

Црвениот крст на Република Северна Македонија од 20 до 26 ноември 2023 година ја одбележува „Неделата на грижа на старите лица“ под мотото: „Сите сме нивни деца“. Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување грижа и помош на старите лица. Поддршка во одбележување на неделата е обезбедена од страна на УНФПА со која организација Црвениот крст на РСМ остварува соработка на актуелни прашања наменети за старата популација, како и здравствена превенција на ранливи целни групи население.

 

< врати се назад