„Сите сме нивни деца“
Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ја одбележа „Неделата на грижа на стари лица“. Организирана беше информативна работилница со стари лица за нивно запознавање со правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и здраво стареење. Работилницата предизвика голем интерес на која присуствуваа 5 мажи и 13 жени стари лица каде преку лични примери и разговор разменија досегашни свои искуства од областа на социјалната и здравствената заштита, истата беше спроведена од страна на искусни и долгогодишни волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп. Покрај информативната работилница беше реализирана и посета на Домот за стари лица Киро Крстески Платник од Прилеп каде членови од Клубот на млади реализираа повеќе активности со штитениците од домот и тоа креативна работилница, друштвени игри (шах, табла, карти), музички дел каде имаше забава со гитара и сите стари при тоа беа почестени со скромни подароци кои ги обезбеди Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп. Во наредниот период ќе се реализираат и други активности кои се предвидени и испланирани со кои ќе се придонеси во подигање на јавната свест за потребната поддршка на старите лица, како и ќе се поттикнат лицата од трето доба за нивна активна вклученост во сите сфери на општествениот живот. Сите активности се промовирани во локалните медиуми и на социјалните мрежи.