ноември 6, 2023

Работилница на тема „Заштита на менталното здравје“

Во рамките на проектот „ЛАП за деца со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства“, поддржан од Комерцијална банка, ЦКРСМ – ОО Прилеп реализираше работилница за поддршка на родителите и згрижувачките семејства на тема „Заштита на менталното здравје“, истата се реализираше во просториите на Дневниот центар „Ѕуница“, каде свое учество зедоа вкупно 18 штитениците од центарот, родителите/старатели и вработените. Работилницата ја водеше волонтер-психолог со долгогодишно искуство во работа со менталното здравје која на присутните им ја доближи темата поблиску запознавајќи ги присутните со нејзини примери од секојдневното работење како со истите да се соочиме самите ние кога би ги имале при тоа акцентирајќи ја потребата од грижата за себе и за другите околу нас. Учесниците интерактивно учествуваа на работилницата со сопствени видувања и искуства.

< врати се назад