ноември 24, 2023

Продолжување на Кампања за прва помош за млади

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжи со реализација на предвидените обуки во рамките на Кампањата за прва помош на млади. Целта на кампањата е подигнување на свеста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина.

Со максимални напори сакајќи своите активности да ги реализира на целата територија кој ја покрива Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп беа реализирани обуки за учениците од општина Кривогаштани во подрачното училиште Манчу Матак.

Обуките се реализираат од страна на доктори и демонстратори обучени за правилно укажување на прва помош и истите до сега предизвикаа интерес кај младите за темите од областа на првата помош кои се опфатени со кампањата.

< врати се назад