септември 28, 2023

Посета на манастирот Св. Петар и Павле во с.Смилево

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во рамките на Локалниот акционен план за лица со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства реализираше посета на манастирот Св. Петар и Павле во село Смилево со штитениците од Дневниот центар Ѕуница. На посетата штитениците од Дневниот центар Ѕуница заедно со волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп имаа можност да се запознаат со културно-историското наследство и природните убавини кои ги има во тој регион. Сите овие активности се финансиски поддржани од страна на Комерцијална банка.

< врати се назад