мај 19, 2023

Општински натпревар по прва помош

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп го реализираше општинскиот натпревар по прва помош на 19.05.2023 година. На самиот натпревар екипите покажаа одлични резултати на сите работни места, но сепак некој мора да биди и победник, па така во категорија на основни училишта победи екипата на ООУ Добре Јованоски од Прилеп, а во категорија на средни училишта победи екипата на СОУ Ѓорче Петров од Прилеп. Во понатамошниот период следат подготовки на екипата победник од средните училишта која ќе ја претставува ООЦК Прилеп на државниот натпревар по прва помош кој ќе се реализира во месец Септември.

 

< врати се назад