октомври 13, 2023

Одбележана Неделата на млади

И оваа година продолжувајќи со мотото „Биди причина за нечија насмевка” беше организиран отворен ден за промоција на активностите на Клубот на млади при ООЦК Прилеп од страна на нашите волонтери.

Првата активност се одржа на Градскиот плоштад со поставен штанд и неколку катчиња: катче за спомени, катче за игри и рекреација и катче за прва помош кое привлече најмногу внимание кај младите. На случајните минувачи им беа делени чоколатца со QR кодови од инстаграм профилот на Клуб на млади, се со цел полесно запознавање со активностите и промоција на истите, каде и младите можеа да пополнат пријава за да станат волонтери. Истите QR кодови беа лепени низ центарот на градот за промоција.

На вечерната активност пред Саат кулата беше проектирано видеото изработено за Недела на млади од сите општински организации, каде случајни минувачи можеа да седнат и да го погледнат видеото, а продолжи и делењето на QR кодовите, со што и ги заокруживме активностите во центарот на градот.

Во соработка со Младинската организација од СОУ „Ѓорче Петров” видеото беше проектирано заедно со презентација за активностите во Клубот на млади при ООЦК Прилеп подготвена од нашите волонтери на ученици од прва година со цел да ги поттикнеме да се вклучат во Клубот на млади.

< врати се назад