октомври 13, 2023
Одбележана Неделата на борба против дијабетес
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп по повод Неделата на борба против дијабетес реализираше повеќе активности. Најпрво се реализираа типизирани предавања во сите средни училишта во Прилеп на тема исхрана, превенција и здрав стил на живот. Како втора активност беше реализирана едукативна работилница на која се разговараше за превенција од дијабет и воспоставување на здрави животни навики. Исто така во текот на неделата беа реализирани 290 мерења на шеќер на крв, а како целната група беше популација од 50 годишна возраст.