декември 4, 2023

Одбележан Светскиот ден на лицата со попречености

Со пригодна програма, музика, дружба, забава и насмевки, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со  Дневниот центар за деца со посебни потреби Ѕуница го одбележа 3 Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп е организација која континуирано во текот на целата година работи со штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби. Во оваа пригода уште еднаш сакаме да им се заблагодариме на сите волонтери, родители и стручни лица кои изминатите години активно беа вклучени во реализацијата на активностите кои се спроведуваа со штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби како и на Комерцијална банка која несебично годините наназад ги поддржува сите активности.

< врати се назад