декември 4, 2023

Одбележан месецот на борба против зависности

Во текот на месец Ноември беа реализирани неколку активности за одбележување на месецот на борба против зависности од страна на обучени волонтери при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп. Беа реализирани едукации во Клубот на млади, во СОУ Ѓорче Петров и СОУ Орде Чопела, истите ги држеа врснички едукатори од Клубот на млади и на нив присуствуваа вкупно 120 млади лица. Панел дискусијата за млади за превенција од болести на зависност се реализира во просториите на ООЦК Прилеп, истата беше реализирана од страна на долгогодишни и искусни предавачи од областа за превенција од болести на зависности. На истата присуствуваа членови на Клубот на млади но и општа млада популација. Младите на панел дискусијата имаа можност од искусните предавачи да научат како да си го заштитат сопственото здравје и иднина преку најразлични техники и методи за справување со одредени ситуации. Во текот на месец Ноември младинци од Клубот на млади низ угостителските објекти во центарот на градот поделија флаери со кратки пораки се со цел подигање на свеста и одговорноста кај младите. Беа поделени над 500 флаери во 15 угостителски објекти.

 

< врати се назад