декември 26, 2022

Новогодишна работилница

Како последна активност за оваа година предвидена во рамките на ЛАП за деца со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства поддржан од Комерцијална банка е работилница за украсување на Дневниот центар и изработка на новогодишни украси. Преку креативна работилница штитениците од Дневниот центар заедно со волонтерите од Клубот на млади изработија новогодишни честитки и украси како и новогодишни модели од гипс кои ќе ги разубават просториите на Дневниот центар.

< врати се назад