ноември 2, 2023

Крводарителска акција со регион ИПА Прилеп

После неколку години пауза Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Прилеп и Интернационалната полициска асоцијација – регион Прилеп реализираа крводарителска акција во канцелариите на ИПА Прилеп. Членовите и поддржувачите на ИПА Прилеп уште еднаш ја покажаа својата хуманост и вкупно 22 крводарители даруваа од течноста која спасува живот.

< врати се назад