октомври 12, 2022

Крводарителска акција по повод празникот 11-ти Октомври

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп уште еднаш ја покажа својата определеност и посветеност во работата на полето на крводарителството и обезбедувањето на потребните крвни единици за сите оние лица кои имаат потреба од истите. Поради тоа во континуитет се организираат неколку крводарителски акции меѓу кои и крводарителска акција по повод Државниот празник 11-ти Октомври, која побуди голем интерес кај крводарителите од општина Прилеп и околните општини и вкупно 74 дарители даруваа од својата драгоцена течност.

Сакаме да изразиме благодарност до Општина Прилеп која и оваа година ни излезе во пресрет и повторно крводарителската акција ја стави во официјалната програма за празнување на Државниот празник 11-ти Октомври.

Во наредниот период Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализацијата на планот за крводарителство со цел зголемување на бројот на крводарители и обезбедување на потребните крвни единици.

< врати се назад