ноември 23, 2023

Креативна работилница

Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираа креативна работилница со штитениците од Дневниот центар за деца со церебрална парализа. На работилницата штитениците заедно со младите поминаа квалитетно потрошено време при тоа учејќи и забавувајќи се. Волонтерите од Клубот на млади имаа можност дополнително да се запознаат со активностите на Дневниот центар се со цел нивно понатамошно вклучување и во други активности поврзани со нивната работа.

< врати се назад