септември 22, 2022

КАМПАЊА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА МЛАДИ

Црвениот крст започна со кампања по прва помош под мотото Првата помош спасува живот со која е предвидено до крајот на годината да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25.000 млади од основни и средни училишта во целата земја. На овие обуки децата ќе имаат можност да стекнат основните знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.
< врати се назад