декември 12, 2023

„Глобална солидарност, заедничка одговорност“

Традиционално и оваа година со неколку активности Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ја одбележа Неделата на борба против ХИВ/СИДА со цел подигање на свест кај младата популација за превенција од ХИВ инфекцијата. Беа реализирани вкупно 6 врснички работилници за средношколци како и за членовите на Клубот на млади при ООЦК Прилеп на кои работилници присуствуваа 276 млади лица. На работилниците преку споделувања на знаења, факти, митови и свои мислења за превенција од ХИВ инфекцијата, младите лица научија но и ги освежија своите знаења, кои понатаму ќе ги пренесуваат на своите врсници со цел ширење на знаењето за превенција од ХИВ инфекцијата и подигање на свеста кај целокупната општа популација. Исто така во текот на неделата беа споделени и типизирани предавања за ХИВ/СИДА за учениците од основните училишта и беше реализирана медиумска кампања на нашите социјални медиуми.

< врати се назад