јуни 27, 2023
Екскурзија во Преспа
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во рамките на Локалниот акционен план за лица со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства реализираше екскурзија при што беа посетени манастирот Св. Илија во село Грнчари и Преспанското езеро. На екскурзијата штитениците од Дневниот центар Ѕуница заедно со волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп имаа можност да се запознаат со културно-историското наследство и природните убавини кои ги има во тој регион. Сите овие активности се финансиски поддржани од страна на Комерцијална банка.