мај 17, 2024

Еко едукации

Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираат еко едукации за ученици од прво до трето одделение. Целта на едукациите е да се поттикне свеста кај помладите и да се стекне навика кај истите ѓубрето да се селектира и фрла во соодветните корпи. Едукациите се интерактивни и на нив учениците можат да научат за тоа што претставува отпад, како се селектира, колку му треба на истиот да се распадне во природата и како сето тоа загадување на природата влијае врз нашиот живот.

< врати се назад