Едукација по прва помош за ученици и вработени од ООУ Климент Охридски Прилеп
Согласно планот на активности Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализирање на едукации по прва помош за ученици и вработени од училиштата во Прилеп. На 09.04.2024 година од страна на обучен предавач по прва помош се реализираше едукација по прва помош на која што учениците и вработените од ООУ Климент Охридски Прилеп добијаа основни предзнаења за првата помош.
Едукацијата се реализираше во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на истата присуствуваа вкупно 40 лица и беа опфатени теми од првата помош кои што се во најголем интерес на учениците и вработените од основното училиште.
Покрај редовните едукации по прва помош кои што ги реализира Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во текот на месец Април се започна и со континуирана подготовка на ученици за формирање на екипи по прва помош за претстојниот општински натпревар.