март 20, 2023

Едукација за превенција од болести на зависности

Новите врснички едукатори од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на 16.03.2023 година ја реализираа последната пробна врсничка едукација од низата на неколку предвидени едукации. Овој пат темата беше Превенција од болести на зависности каде младите волонтери имаа прилика да научат нешто повеќе за тоа што е зависност, видови и причини поради кои што настануваат зависностите, штетни ефекти предизвикани од зависностите, третман и превенција од зависности. Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во текот на целата година реализира едукации на различни теми се со цел запознавање, анимирање на младите и нивна едукација.

< врати се назад