декември 29, 2023

Делиме љубов – шириме насмевка

Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Интеракт клубот од Гимназијата Мирче Ацев од Прилеп организираа продажба на новогодишни честитки во основните и средните училишта во градот но и низ градот. Собраните средства од продажбата на новогодишните честитки се наменети за обезбедување на материјали за работа ЦПЛИП Порака од Прилеп и Центарот за деца со церебрална парализа од Прилеп. Младите преку оваа акција уште еднаш ја покажаа нивната хуманост под мотото „Делиме љубов – шириме насмевка“.

< врати се назад