октомври 24, 2023

Втора крводарителска акција во Прилепска Пиварница

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Прилеп и Прилепска Пиварница по втор пат оваа година реализираа крводарителска акција во просториите на Пиварницата каде вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Акцијата помина доста успешно и на истата во просториите во Прилеп даруваа 22 крводарители.

< врати се назад