ноември 4, 2026

Врсничка едукација за мотивација на нови млади крводарители

Со цел поттикнување на младите за доброволно дарување на крв Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше мотивациска сесија за учениците од СОУ Орде Чопела од Прилеп. На сесијата младите имаа можност да се запознаат со процесот на дарување на крв и кои се придобивките од тоа, но и да се работи со младите на зголемување на свеста за доброволното дарување на крв.

< врати се назад