мај 26, 2022

Врсничка едукација за ментално здравје

Двајца волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во текот на изминатите два месеци ја поминаа обуката за врснички едукатори за ментално здравје. Обуката беше реализирана од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија, а двајцата волонтери од Клубот на млади од Општинска организација Прилеп ја поминаа успешно и истите се сертифицираа како прва генерација на врснички едукатори за ментално здравје.

Врсничките едукатори на 25.05.2022 година во просториите на  Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираа едукација за членовите на Клубот на млади на која присуствуваа 17 волонтери и членови. Едукацијата помина во одлична атмосфера, присутните покажаа голема заинтересираност за темата со оглед на се поактуелните проблеми со менталното здравје кај младите.

< врати се назад