декември 26, 2022

Тренинг за врснички едукатори

Изминатиот викенд во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп се одржа тренинг за врснички едукатори за Клубовите на млади од Прилеп, Битола и Крушево. На тренингот присуствуваа 18 млади од трите општински организации кој имаа можност да научат за основите на врсничката едукација, кои се потребните вештини и знаења за одржување на врсничка едукација како и говорни, комуникациски  и презентациски вештини. Исто така младите имаа можност да научат и нешто повеќе за тимската работа преку практична примена на своите знаења и презентации на различни теми.

< врати се назад