декември 5, 2023
Светски ден на волонтерството
Секоја година на 5-ти декември во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина се одбележува Светскиот ден на волонтерството. На глобално ниво, во националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина секоја година, над 16 милиони волонтери даваат активен придонес во подобрување на животот на ранливото население.
Оваа година Црвениот крст на РСМ го одбележува Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември под мотото “Надеж” со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите и да се подигне свеста за значењето на волонтирањето и надежта за подобро утре и подостоинствен живот на луѓето која ја носат волонтерите преку активностите и личниот ангажман во локалните заедници.
Продолжуваме да го негуваме и поттикнуваме волонтерството заради остварување на нашите заеднички цели – да бидеме хумани и достоинствени и да им помагаме на луѓето кои се нашле во неволја.
< врати се назад