
септември 23, 2026
Светски ден на првата помош
Под мотото „Прва помош и миграции“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп го одбележа Светскиот ден на првата помош. Од страна на доктор предавач беа реализирани 6 предавања пратени со симулациски показни вежби за прва помош. Показните вежби ги реализираа млади обучени волонтери од ООЦК Прилеп, каде присутните имаа можност да научат повеќе за првата помош. За време на показните вежби беше дистрибуиран и едукативно пропаганден материјал поврзан со првата помош.












































