ноември 26, 2024
„Сите сме нивни деца“
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп под мотото „Сите сме нивни деца“, а со низа на активности ја одбележа „Неделата на грижа на стари лица“.
Од страна на членови на Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп беше реализирана посета на Домот за стари лица Киро Крстески Платник од Прилеп.
Исто така беа реализирани повеќе активности со лицата од трето доба и тоа креативна работилница и рекреативни активности, шах, табла, карти.
Сите овие активности беа промовирани преку социјалните мрежи на ООЦК Прилеп и локалните електронски медиуми.