февруари 17, 2023

Реализирана првата ПХВ работилница

Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на 16.02.2023 година во рамките на овогодинешниот ПХВ циклус беше реализирана првата од вкупно три ПХВ работилници. Работилницата предизвика голем интерес кај младите кои и оваа година преку соработка со училиштата имаа можност да се вклучат во ПХВ програмата. На првата работилница младите се запознаа со Движењето и значењето на Црвениот крст и стекнаа основни познавања за истото. Во наредниот период истите младинци ќе поминат уште две обуки и потоа преку примена на наученото од ПХВ работилниците ќе започнат со реализација на ПХВ проектите на терен.

< врати се назад