март 3, 2023
Реализирана и третата ПХВ работилница
Во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализирана е третата и последна ПХВ работилница во која младите учесници од средните и основните училишта во Прилеп се стекнаа со знаење за важноста од документирањето на проектите и начинот како да ги документираат своите проекти кои треба да ги реализираат. Во текот на целата работилница младите со ентузијазам ги работеа задачите и се спремни за почнување со реализација на терен на нивните ПХВ проекти.