јуни 13, 2024

Работилница во природа

Во рамките на програмата Зелен волонтеризам членовите на Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираа работилница од отворен карактер во градскиот парк во Прилеп. Целта на настанот беше промоција на работата на Клубот на млади и регрутација на нови волонтери преку дружба помеѓу младите. Присутните преку практични вежби и дебата на тема „Еколошки предизвици во нашата околина“ имаа можност да споделат свои иницијативи и видувања на темата. Од идеите кои произлегоа за време на работилницата младите во понатамошниот период ќе реализираат активности се со цел промоција на програмата Зелен волонтеризам.

< врати се назад