март 16, 2023

Работилница за тврди и меки вештини

На 15.03.2023 година обучените едукатори од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжија со реализација на предвидените работилници. Овој пат беше реализирана работилница за меки и тврди вештини. Присутните на работилницата имаа можност да се запознаат со термините за меки и тврди вештини, што истите значат и како можат да се унапредуваат и развиваат овие вештини. Темата предизвика интерес кај присутните која е се поактуелна кај младите средношколци.

< врати се назад