септември 5, 2024

Пожар во Мариово

Во координација со ЕЛС Прилеп и надлежните институции за справување со пожарот кој го зафати Мариовскиот регион, спрема потребите Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп испрати свој тим на терен. Пожарот е проширен на различни локации а најкритично е во атарот на селата Бонче, Пештани, Крушевица, Кокре, Кален, Дуње и Волково каде беше дистрибуирана 400 литри вода на лицата кои се присутни на терен и се справуваат со пожарите. Во селата Бонче, Пештани и Крушевица каде има месно население истото беше посетено и пружена му е ПСП. Во гореспоменатите места има околу 50 семејства, за дел од истите поради пожарот патот е тешко прооден и се работи најчесто за возрасна популација, па доколку ЦКСРМ е во можност да ни достави 50 пакети со храна и хигиена кои во наредните денови би ги дистрибуирале до истите. Исто така и во текот на утрешниот ден доколку има потреба од вода ООЦК Прилеп ќе изврши дистрибуција на истата.

< врати се назад