јули 25, 2022

Почитувани крводарители,

Покрај тоа што можете да дарувате крв на крводарителските акции кои што се организираат во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, крв исто така можете да дарувате и во Службата за трансфузиона медицина во Прилеп во понеделник и четврток од 8.30 до 13 часот. Крводарител може да биде секој здрав човек на возраст од 18 до 65 години, без оглед на пол, раса, боја, национална и верска припадност. Крводарителството е доброволно, анонимно и бесплатно.

ИЗРАЗЕТЕ ЈА ВАШАТА ХУМАНОСТ И СОЛИДАРНОСТ ПРЕКУ ДАРУВАЊЕ НА КРВ!

ВАШАТА КРВ СПАСУВА ЖИВОТ!

КРВТА Е НЕЗАМЕНЛИВ ЛЕК, СЕКОЈДНЕВНО ПОТРЕБНА ЗА ДА СЕ ПРОДОЛЖАТ МНОГУ ЖИВОТИ!

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ, ДАРУВАЈТЕ МАЛ ДЕЛ ОД ВАШАТА КРВ!

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!

ДА ДАРУВАМЕ КРВ ДЕНЕС, ЗОШТО УТРЕ МОЖЕБИ И НАМ ЌЕ НИ ТРЕБА!

< врати се назад