
мај 18, 2026
ПХВ циклус 2026 во ООЦК Прилеп
Во рамките на ПХВ програмата, 30 младинци активно се вклучија во реализација на 6 хуманитарни проекти. Со нивната ангажираност беше помогнато на пет семејства од социјален ризик. Проектите вклучуваа разновидни активности како донации, продажба на рачно изработени предмети, кино проекции, организирање на спортски настани и промоции на филмови, сè со цел поддршка и грижа за ранливите категории. Дополнително, беше реализиран и еден интеркултурен проект со вклучување на ученици од средните училишта во Прилеп. Преку заеднички активности и соработка, учениците имаа можност да градат мостови на разбирање, прифаќање и почитување на различностите, придонесувајќи кон развој на интеркултурна чувствителност и толеранција во заедницата.












































