јули 4, 2023
Освежителни курсеви по прва помош
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп е хуманитарна организација која работи на унапредување и заштита на здравјето на граѓаните. Еден од многуте аспекти кои Црвен крст ги покрива е и првата помош. По тој повод ги повикуваме сите граѓани од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени кои сакаат бесплатно да го освежат своето знаење за правилно укажување на прва помош да се пријават лично во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на улица Јоле Андоноски број 5А, на телефон 048/424-710 или на маил prilep@redcross.org.mk. Сите заинтересирани кандидати ќе бидат дополнително контактирани за датумот и времето кога ќе се реализираат освежителните курсеви.