
април 17, 2026
Општински натпревар по прва помош
На 17.04.2026 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска оргранизација Прилеп го одржа општинскиот натпревар по прва помош во конкуренција на средни и основни училишта. Екипите своите знаења ги покажаа на работни места со различни повреди. Од основните училишта првото место го освои екипата на ООУ Климент Охридски од Прилеп, додека од средните училишта првонаградена беше екипата од СОУ Гимназија Мирче Ацев од Прилеп кој ќе земе учество на регионалниот натпревар по прва помош на домаќин оваа година ќе биде ООЦК Прилеп. Сите пријавени екипи покажаа голем интерес за време на подготовките пред натпреварот и спремност за укажување на прва помош за време на натпреварот.













































