мај 8, 2025

Општински натпревар по прва помош

На 29.04.2025 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска оргранизација Прилеп го одржа општинскиот натпревар по прва помош во конкуренција на 13 екипи – 8 од средните и 5 од основните училишта. Екипите своите знаења ги покажаа на 3 работни места со различни повреди. Од основните училишта првото место го делеа екипите на ООУ Гоце Делчев и ООУ Кочо Рацин од Прилеп, додека од средните училишта првонаградена беше екипата од СОУ Гимназија Мирче Ацев од Прилеп кој ќе земе учество на регионалниот натпревар по прва помош во Гевгелија.

< врати се назад