март 8, 2024

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8-ми МАРТ

Денес да шириме радост и добрина подарувајќи им цвеќе на прекрасните жени, баби, мајки во нашите животи. Да им оддадеме почит на нивната мудрост и издржливост. Нашите волонтери од Клубот на млади при ООЦК Прилеп со гестот на давање на цвеќиња на жените кориснички во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник” им го разубавија денот и ги потсетија колку се ценети, токму на овој ден – 8-ми Март. Додека го славиме Меѓународниот ден на жената, не им оддаваме почит само на неверојатните достигнувања на жените ширум светот, туку и им се заблагодаруваме за клучната улога што ја играат во обликувањето на порамноправно општество за сите. Да продолжиме да се стремиме кон свет каде што ќе се слуша гласот на секој жена, ќе се почитуваат правата на секоја жена и ќе се увиди потенцијалот на секоја жена. Среќен меѓународен ден на жената!

< врати се назад