мај 19, 2023

Одбележани Светскиот ден на ЦК и ЦП и Неделата на ЦКРСМ

Под мотото „Од срце“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше неколку активности за одбележување на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и Неделата на Црвен крст на Република Северна Македонија. Најпрво беа реализирани дисеминациски сесии за најмалите од градинките во Прилеп како и за основците и средношколците од нашата општина кои беа доста заинтересирани за темата и изразија желба да се вклучат како волонтери во Клубот на млади при ООЦК Прилеп. Исто така беше поставен информативен штанд на кој случајните минувачи имаа можност да се запознаат со Движењето на Црвениот крст преку разговор со нашите волонтери, но и преку флаерите кои беа изработени од наша страна за запознавање на граѓаните со Црвениот крст и неговите активности. Како главен настан со кој се заокружи одбележувањето на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и Неделата на Црвен крст на Република Северна Македонија беше реализацијата на прослава за изразување на благодарност за активните членови на ООЦК Прилеп.

 

< врати се назад