септември 29, 2023

Одбележана ПХВ неделата

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ја одбележа ПХВ неделата со реализација на трибина на тема Булинг. Трибината ја отвори и водеше ПХВ дисеминаторот од ООЦК Прилеп. Дисеминаторот ги поздрави сите присутни на трибината со краток вовед во темата на истата. Темата предизвика голем интерес кај присутните, при тоа психологот кој учествуваше на трибината имаше можност подетално да ги запознае присутните со тоа што е булинг, како да го препознаат, спречат, но и помогнат себеси и на другите во справување со булингот.  Заклучок од трибината е дека булингот е се поактуелна тема и зема се поголем замав кај помладата популација, добро е што има вакви иницијативи за трибини, предавања и работилници се со цел младите да се запознаат со темата, како да препознаат булинг, како да си помогнат себеси и на другите кои се соочуваат со истиот проблем. Како позитивен пример и препорака од младите учесниците од минатите ПХВ циклуси до сите присутни беше истакнато волонтирањето и вклучувањето во активностите на Црвениот Крст каде младите имаат можност преку свои идеи, замисли и цели да помогнат на некого а при тоа да се дружат и запознаат меѓу себе и да научат нешто ново за себе но и за околината.

 

< врати се назад