март 10, 2023
Одбележан Светскиот ден на бубрезите
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со центарот за дијализа Систина Нефроплус во Прилеп го одбележаа Светскиот ден на бубрезите. Централниот настан се одржа во центарот на Прилеп со активности кои беа насочени кон подигнување на здравствената свест за важноста на бубрезите и влијанието на бубрежните заболувања. Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на сите присутни на настанот и случајни минувачи низ центарот на градот им делеа флаери со информации за важноста на бубрезите и здравствените проблеми предизвикани од бубрежните заболувања како и превенција на истите.