декември 4, 2023

Обука за врснички едукатори

Изминатиот викенд во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп се одржа обука за врснички едукатори за Клубовите на млади од Прилеп и Битола. На обуката присуствуваа 12 млади од двете општински организации кои имаа можност да научат за основите на врсничката едукација, кои се потребните вештини и знаења за одржување на врсничка едукација како и говорни, комуникациски  и презентациски вештини. Исто така младите имаа можност да научат и нешто повеќе за тимската работа преку практична примена на своите знаења и презентации на различни теми.  

 

< врати се назад