март 7, 2024

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ

Изминатиот викенд на 2-ри и 3-ти Март се одржа обука за прва помош за волонтетите од Клубот на млади од ООЦК Прилеп и ООЦК Битола, која се одвиваше во Битола, а обуката беше спроведена од страна на предавачи/демонстратори по прва помош. На обуката присуствуваа вкупно 14 волонтери од Клубот на млади при ООЦК Прилеп, кои изразија желба да ги подобрат своите вештини во областа на првата помош, а воедно волонтерите ги научија основните вештини за укажување на прва помош, заштита при повреда, скршеници, важноста на спасување на човечки живот – правилно без да настанат компликации.

< врати се назад