декември 30, 2024

Новогодишни подароци

По повод претстојните новогодишни празници волонтерите од Клуб на млади при ООЦК Прилеп реализираа продажба на новогодишни честитки со цел собирање на парични средства за обезбедување на новогодишни пакетчиња за штитениците од Дневниот центар за церебрална парализа во Прилеп. Акциите беа спроведени во средните училишта и на градскиот плоштад во Прилеп. Сакаме да искажиме голема благодарност до училиштата кои ја поддржаа нашата идеја и се вклучија во остварувањето на истата и голема благодарност до сите граѓани кои со своите донации успеаа да ги израдуваат штитениците од Дневниот центар за церебрална парализа.

< врати се назад