декември 29, 2023

Новогодишни подароци

Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Интеракт клубот од Гимназијата Мирче Ацев од Прилеп организираа предновогодишна забава за млади која беше од хуманитарен карактер, а при тоа младите имаа можност да се дружат и забавуваат помеѓу себе но и да донираат парични средства за хуманитарни цели. Собраните средства беа наменети за Дневниот центар за лица со посебни потреби Ѕуница за кои на нивно барање им беше купен караоке звучник на кој штитениците од Дневниот центар многу му се израдуваа и искажаа огромна благодарност за новогодишниот подарок. Исто така на сите штитеници од Дневниот центар им беа поделени и новогодишни пакетчиња кои беа обезбедени од анонимен донатор.

< врати се назад