декември 30, 2022

Новогодишни пакетчиња

По повод претстојните новогодишни празници, а со цел повеќе насмевки и израдувани дечиња, волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп, организираа неколку активности за собирање на парични средства. Средствата кои беа собрани беа наменети за купување на новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства, од прво до четврто одделение. Беа поделени 43 новогодишни пакетчиња и во оваа прилика сакаме да изразиме голема благодарност до училиштата кои ја поддржаа нашата идеја и се вклучија во остварувањето на истата и голема благодарност до сите граѓани кои со своите донации успеаа да израдуваат многу дечиња.

< врати се назад