НЕДЕЛА НА ЗАБОЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Во периодот од 15-21 декември се одбележува Неделата на Забоздравствена заштита. Со ова, сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на оралното здравје, што е клучен показател за целокупното здравје, благосостојба и квалитет на живот. Повеќето орални заболувања доведуваат до ризик фактори кои се водечки причини за настанување на хронични заболувања (кардиоваскуларни заболувања, рак, хронични респираторни болест и дијабетес). Овие ризик фактори вклучуваат употреба на тутун, алкохол и нездрава исхрана богата со рафинирани шеќери. Клучни фактори:
• Оралните болести се голем здравствен товар за многу земји и се проценува дека оралните болести погодуваат речиси 3,5 милијарди луѓе.
• Нетретираниот забен кариес кај трајните заби е најчесто здравствено заболување. • Повеќе од 530 милиони деца страдаат од примарно расипување на забите (млечни заби).
• Скоро 10% од светската популација страда од напредна форма на пародентална болест која може да резултира со губење на забите.
• Добра хигиена, редовни стоматолошки прегледи и здрав начин на живот придонесуваат за заштита на оралното здравје, без разлика на возраста.
• Повеќето орални болести во голема мера може да се спречат и може да се лекуваат во рана фаза.